Гурмански викенд се одржа изминативе два дена во Вински музеј Кавадарци, во рамките на ,,Кавадаречко културно лето 2023″.
Содржината продолжува под рекламата
„Посетителите имаа можност да дегустираат храна и пијалаци од Тиквешкото поднебје. Целта е промоција на традицијата и на културниот туризам, богатото културно наследство во делот на лозарството и винарството. Познати сме по вкусните производи типични за овој крај“, рече директорката на Музејот, Весела Честоева.
Содржината продолжува под рекламата
Нагласувајќи дека Музејот е сместен во градскиот парк во Кавадарци, кој важи за еден од најубавите во државата, таа додаде дека станува збор за неповторливо гурманско доживување. Честоева подвлече дека постојано се зголемува бројот на посетители во Музејот, што полека си го зазема своето место на туристичката мапа, како презентер на културата и традицијата во најголемиот лозаровинарски регион во државата.
Можеби ќе ве интересира: