Македонската кошаркарска репрезентација не се прослави многу на европското првенство за девојки до 18 години во Б дивизија кое се одржа во Софија, но затоа нашата кошаркарска надеж, велешанката Марија Николова имаше одлични бројки зад себе.
Содржината продолжува под рекламата
Таа се најде на 11 место постигнати поени по натпревар на индивидуалната статистичка табела. За 31,6 минути колку се најде на паркетот таа постигнуваше 13,8 поени по натпревар, а на тоа додаде и 3,8 скока и 2,4 асистенции.
Содржината продолжува под рекламата
Марија Николов е член на Баскет Кам 2011 од Македонска Каменица, и беше прогласена за најкорисен играч на финалниот турнир во М18 лига-жени. Како член на Баскет Кам од Македонска Каменица ги освои двете титули, и во М18 лигата како и во сениорска конкуренција.
Можеби ќе ве интересира: