Приведен 25-годишен жител на Виничани, по кавга намерно прегазил сожител

Policija oznaka
Policija oznaka

Полициски службеници од СВР Велес вчера во попладневните часови го лишиле од слобода 25-годишниот С.К. од село Виничани, општина Градско. Тој во селото со патничко возило „фиат панда“ со велешки регистарски ознаки удрил во 43-годишниот А.Ц. од истото село, кој претходно имал вербална расправија со таткото на приведениот, информира Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

А.Ц. од здобиените повреди починал, а смрт констатирал лекар од Општата болница Велес, додека С.К. избегал од местото на настанот, но набрзо бил пронајден и приведен. Настанот се случил вчера меѓу 15 и 16 часот. Полицијата кратко време по настанот го привела 25-годишниот С.К.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

По целосно документирање на случајот против С.К. ќе следи соодветна пријава, најави Самарџиев.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: