Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,34% во однос на одлуката од 20.7.2023 година.
Содржината продолжува под рекламата
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,293 ден/кг и сега ќе изнесува 41,001 ден/кг.
Содржината продолжува под рекламата
Од 25.7.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,50 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 84,50 (денари/литар), Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 72,50 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 71,50 (денари/литар), Мазут М-1 НС 41,001 (денари/килограм).
Можеби ќе ве интересира: