Реклама

(ВИДЕО) Инвестиции во енергетска ефикасност на училиштата

Со намалување на потрошувачката на енергија во кој било објект, се врши директно влијание врз загадувањето на животната средина и заштедата на енергенси. Енергетската ефикасност станува основен елемент при градбата на новите објекти, додека за веќе постоечките, таа може да се подобри со минимална реконструкција и доработка. Модниот тренд или пак законските регулативи не се единствени причини за интервенции за подобрување на енергетската ефикасност, туку природните човечки потреби за комфорни услови за живеење и работење.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Општинските основни училишта „Панко Брашнаров“ и „Блаже Конески“ од Велес инвестираа во топлинска изолација која е клучен елемент за енергетската ефикасност и во голема мера допринесува за создавање на покомфорни услови за работа.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

„Иако е стар објектот, можам да кажам дека од секогаш се работело кон подобрување на условите во училишната зграда, и прифаќаме иницијативи кои што ни помагаат да бидеме еколошки свесни и енергетски ефикасни“ изјави Валентина Стефанова директор на ООУ „Панко Брашнаров“ Велес.

„При детална анализа на приходите и расходите приметив дека многу од расходите одат на потрошувачка на електрична енергија. Прво што направивме беше да го смениме топловодниот систем во училиштето, потоа ги променивме подовите во училниците а се направи санација и реконструкција на покривот“, изјави Јованче Манасков, директор на ООУ „Блаже Конески“ Велес.

Целото видео можете да го погледнете тука.

Можеби ќе ве интересира: