Силен пожар изби во таканаречената Гоцева Шума во близина на Неготино. Во гаснењето учествуваат пожарникари од Неготино и од Кавадарци, а на терен е испратен и авион на Дирекцијата за заштита и спасување. Ако состојбата со пожарот се влоши, во состојба на подготвеност за полетување се два хеликоптери на МВР, информира директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
Содржината продолжува под рекламата
Шумата што гори кај Неготино била подигната есента во 1972 година, во чест на 100 – годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. Ова не е прв пат да гори дел од Гоцева шума. Пожар имаше и пред неколку години. Во август 2016 година изгореа околу 30 хектари борови дрвја, тревка и меѓи, а беа зафатени и лозови насади.
Содржината продолжува под рекламата
Пожар попладнево има и во месноста наречена Мал Раковец во општина Демир Капија. Од Центарот за управување со кризи информираа дека во гаснењето ќе дејствува еден полициски хеликоптер кој собира вода од 3 тона.
Можеби ќе ве интересира: