Се запали галијата во реката Вардар кај хотелот „Холидеј ин“ во строгиот центар во Скопје. Од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје велат дека во моментов пожарникари со возила одат кон кејот за да интервенираат.
Станува збор за галијата „Среќа“, која во времето на ексградоначалникот Петре Шилегов почна да се урива. По доаѓањето на функција на градоначалничката Данела Арсовска уривањето беше прекинато.
Сега бродот стои разрушен одвнатре и не е првпат да биде запален.
Можеби ќе ве интересира: