Министерството за здравство ги скрати процедурите за вработување, ако има буџет нема потреба за согласност од Финансии

bolnica veles hirurgija
bolnica veles hirurgija

Министерот за здравство Фатмир Меџити успеал да издејствува скратување на процедурите за вработувањата во здравствените установи. Тој денес извести дека нема да имаат обврска да бараат согласност од Министерството за финансии за секое вработување за да можат побрзо да ги пополнуваат местата испразнети со пензионирања или на оние кои си заминуваат од клиниките.

Zito akcija 640x289px

„Ќе споделам со вас, тоа што јас го побарав од министерот за финансии, што не ми беше јасно од првиот ден, зошто секогаш треба согласност да даде Министерството за финансии за вработувања во Здравство. Некој ќе се пензионира, друг ќе ја напушти државата или ќе отиде во друга клиника, зошто тие места по автоматизам да не можат да се пополнуваат. Ние одлучивме со министерот финансии, имаше разбирање и на негова иницијатива Министерството за финансии ќе се изземе и нема да одлучува повеќе за вакви случаи. Самите институции ќе имаат законска обврска за тоа, а Министерството за здравство ќе потврдува без да се бара согласност од Министерството за финансии. Ако има резервиран буџет во самите институции и клиники, тогаш нема потреба да се бара согласност од Финансии. Ги скратуваме овие процедурални, административни маки кои ни одземаат многу време“, рече министерот Меџити.

Agria

Тој потсети дека уште првиот ден на функцијата министер побарал тематска седница на Влада за нови вработувања во здравството. Успеал да посети околу 70 отсто од поголемите здравствени установи во земјата и утврдил дека секаде имаат иста мака со недостаток од кадар и нови вработувања.

„Истите маки се секаде – вработувањата, договорите на дело на дело по пет години кои знаете дека се незаконски над шест месеци. Имаме антикорупциска комисија, тие укажуваат дека е незаконски со договор на дело да се работи повеќе од шест месеци исто и за поставените директори и менаџери, но тоа така си функционирало. Јас не разбирам многу право, но си барам во здравството, тоа што може, да биде порелаксирано и да ги поедноставиме процедурите“, рече министерот Меџити.

За повторното централизирање на клиниките во клиничкиот центар „Мајка Тереза“, Меџити рече дека информацијата ја изготвил и ја доставил во Влада и со тоа го завршил неговиот дел од работата, а сега вели дека врши постојан притисок да се реализира. Очекува дека од 1 јануари 2024 година ќе се укинат економските директори на клиниките и клиничкиот центар ќе има еден директор.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: