Високите сметки за струја ги натераа општините да размислуваат за енергетска ефикасност во јавното осветлување се со цел да се намалат сметките за струја.
Содржината продолжува под рекламата
Една од општините која се реши на овој чекор е Општина Пробиштип. Минатата година општината платила 23 милиони денари за јавно осветлување. Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов вели дeка со промена на живините светилки во лед светилки, проценките се дека сметката за струја оваа година ќе достигне до 10 милиони денари.
Содржината продолжува под рекламата
„Ова е еден од најкапиталните проекти каде што се заменија 1720 светилки. Насекаде се поставуваат лед светилки, се променуваат живините светилки кои ги имавме претходно. Во вредност од 23 милиони 900 илјади денари општина Пробиштип ја направи најевтината постапка за набавка на лед светилки“, изјави Драган Анастасов градоначалник на Oпштина Пробиштип.
Целото видео можете да го погледнете тука.
Можеби ќе ве интересира: