Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,87% во однос на одлуката од 31.8.2023 година.
Содржината продолжува под рекламата
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 2,50 ден/лит. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат.
Содржината продолжува под рекламата
Од 4.8.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 85,50 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 87,50 (денари/литар), Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 78,50 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 78,00 (денари/литар), Мазут М-1 НС 45,031 (денари/килограм).
Можеби ќе ве интересира: