На единствениот телефонски број 112 многумина граѓани пријавија одрони од камења на делницата Скопје-Велес, на паднати крупни и ситни камења под заштитната мрежа. Вработените од Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта се на терен, заедно со полицијата која го регулира непреченото одвивање на сообраќајот на овој дел од патот.
На терен се и директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов и Костадин Ацевски, директор на Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта.
Ацевски изјави дека се работи и се чисти автопатот од паднатите камења што се истркалани под заштитната мрежа. „Нашите служби континуирано се на терен, и на дневно ниво ги поминуваат овие делници. Земајќи предвид дека работиме со ограничени човечки ресурси постојано работиме на чистење на патиштата во соработка со надлежните институции“.
Тој посочи дека автопатот Скопје – Велес е специфична делница на која секогаш има одрони заради конфигурацијата на теренот, местоположбата и метео приликите.
Можеби ќе ве интересира: