Соседна Србија ноќва издала три предупредувања за невреме

Dozd
Dozd

Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија (РХМЗ) во текот на ноќта издаде дури три опомени и едно соопштение во најновата временска прогноза.

Zito akcija 640x289px

Две предупредувања се однесуваат на невреме во Србија и Белград, додека едно предупредување е хидрлошко поради опасност од поројни водни текови.

Agria

Според временската прогноза на РХМЗ, невремето ќе започне од западниот дел на Србија.

„Силен облачен систем кој предизвикува дожд и обилни врнежи со грмежи во подрачјето на јужна Италија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска се движи кон подрачјето на западна Србија, а потоа во вториот дел од денот ќе се пресели над нашата земја на исток од Балканот, се вели во информацијата.

Во вториот дел од денот, односно попладне, навечер и во првиот дел од претстојната ноќ кај нас ќе биде многу нестабилно со услови за временски непогоди во вид на пороен дожд, појава од град и краткотрајни, при најинтензивни грмежи, бурни ветрови.

Поради очекувана појава на лошо време, ќе важи и црвен метео аларм – се наведува во соопштението на РХМЗ.

Се стравува и од зголемување на водостоите на реките. Хидрометеоролозите предвидуваат дека уште утрово реката Сава ќе достигне длабочина од 330 сантиметри.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: