Еден од најдобрите македонски стратези, Марин Докузовски договори нов изненадувачки ангажман и тоа во тим од втората кошаркарска лига.
Поранешниот македонски селектор, предводник на славната генерација која во 2011 година го освои четвртото место на ЕП во Литванија се согласил да ја води екипата на МКК Куманово во наредните четири години.
МКК Куманово е клуб кој е формиран во 2018 со цел развој и создавање на нови локални кошаркарски таленти. Со ангажманот на Марин дефинитивно ќе се зголемат амбициите и нема да биде изненадување ако за брзо време оваа екипа ја видиме во најсилната домашна кошаркарска конкурецнија.
Кога е во прашање Докузовски, тој има освоено многу титули на домашната сцена, а со успех има работено во Бугарија и Косово.
Можеби ќе ве интересира: