Младоста и статусот на неженет, несреќите во семејството, каењето и ветувањето дека нема да го повтори делото – ова се клучните фактори кои ги натерале петте судии од скопска апелација да му ја намалат затворската казна на велешанецот Ангелче Николов од 18 на 8 години.
Иако пресудата ја донел пред еден месец, судот дури синоќа ја објави јавно, на својата веб страница, откако претходно веќе сите медиуми во земјава објавија дека човекот кој возејќи без дозвола и пијан, на пешачки усмрти 11 годишно девојче, а тешко и трајно ја повреди нејзината мајка, доби драстично скратување на казната. Според образложението на апелација, велешкиот суд пресудил престрого, не ги зел предвид олеснителните околности, како онаа дека неговиот брат пред две години загинал во сообраќајна несреќа, а неговата мајка починала скоро и
тоа што Николов се покаја и се извини на рочиштето во Велес.
Но, кога судијката од велешкиот суд Габриела Гајдова му ја изрече 18 годишната затворска казна, рече дека ова каење и извинување не ја убедиле во неговата искреност, па не го сметаше како олеснителна околност.
„Судот смета дека изречената кривична санкција е во согласност со воспоставената судска пракса при одмерување на казната за овој вид кривични дела и претставува адекватен одговор на преземените противправни дејствија од обвинетиот, при што може да се очекува дека со истата воспитно ќе се делува врз обвинетиот во иднина да се поправи и клони на вршење на вакви или слични кривични дела, а позитивно ќе се делува и на околината во која тој живее и се движи”, пишува во образложението на пресудата од Апелација.
За судиите Лирие Елези Ајрулау и Енвер Беџети, Судскиот совет пред извесно време констатираше дека неоправдано долго држеле клучни предмети во фиока, со што ги доведоа на чекор до застарување.
Во меѓувреме, не стивнуваат реакциите на јавноста за овој потег на скопска апелација. Меѓу другите, осуда за драстичното намалување на казната стигнуваат и од луѓе од правната фела.
Поминал на пешачки со 2.0 промила, со 40 км/ч повеќе од пропишана брзина. Плус, не застанал да укаже помош. Да се намали казна, треба да наведат некакви олеснителни околности. Правниот систем во МК треба да се ресетира, овака не може. Џабе и преговори и рамки и скрининзи. pic.twitter.com/2fqZDi4VX7
— FilipNelkovski (@Scaramanga1806) August 7, 2023
ЗНАЧИ:
— Тош ⁽ⁿᵒᵗ ˢᵒ ᵍʳᵘᵐᵖʸ ᵃᶠᵗᵉʳ ᵏᶦᵗᵗᵉⁿ⁾ (@toshex) August 7, 2023
– СО ИЗРЕЧЕНА ЗАБРАНА ЗА УПРАВУВАЊЕ
– БЕЗ ВОЗАЧКА
– ПИЈАН
– ВОЗЕЛ 100 (50 повеќе од дозволено најмалку)
– УБИВА 11 ГОДИШНО ДЕТЕ
– БЕГА ОД МЕСТОТО НА НЕСРЕЌАТА И СЕ КРИЕ СО ДЕНОВИ
…
МУ НАМАЛУВААТ КАЗНА – И ПАЗЕТЕ – ВОЗАЧКА ОДЗЕМЕНА САМО НА 5 ГОДИНИ!!!
Можеби ќе ве интересира: