На влезот од село Слупчане на високиот рид наѕира споменик вреден 200.000 евра посветен на борците на УЧК. Во средиштето на селото речиси пресушена река со по некоја дебела сенка каде запоседнале жителите на Слупчане кои не пречекаа со добредојдовте од која телевизија се.
Веднаш потоа понудија кафе и сок, во разговор откриваат дека тензијата која преовлада изминатите делови се должи пред се на ЕВН за што жителите с епожалија дека влегле ненајавени. С епожалија и на лошата интерпретација во јавноста како луѓе кои се спремни да се конфронтираат. Тврдат дека е точно дека има долгови но не и дека одбиваат да ги платат. Сега велат откако се псогодија со ЕВН очекуваат разумни сметки.
Дел од работниците на терен започнаа со својата работа, велат дека немаа никаков проблем со жителите и дека започнаа со својата работа без прекин.
Има жители во Слупчане кои имаат долгови исто како и во цела држава, постигнат е договор со ЕВН и изнајден е модел по кој ќе се плаќаат наталожените сметки вели претседателот на Советот во општина Липково, Зекирија Шаини.
Од ЕВН потенцираат дека Законите кои важат за сите корсиници во државата важат и за ѓителите на Слупчане. Ѓителите на Слупчане велат ќе си го платата долгот но бараат да не бидат етикетирани со погрешни стереотипи и потенцираа дека мрежата во Слупчане не е реконструирана повеќе од 20 години од конфликтот 2001.
Можеби ќе ве интересира: