Регионалнниот ЦУК Велес извести дека и вториот пожар кај с. Брушани, Општина Кавадарци, реон каде што вчера пожарникарите интервенираа во два наврата – во 17:30 и во 21:30 часот, е локализиран утрово во 04.00 часот, 14.08.2023 година по целовечерен постојан ангажман на пожарникарите од ТППЕ Кавадарци и тимот на подружницата „Бор“ на ЈП „Национални шуми“.
Содржината продолжува под рекламата
Известено е дека во моментот нема потреба од ангажирање на хеликоптери, иако во текот на гасењето била во опција и барањето за ангажирање воздухоплови заради сериозноста на пожарот и заради непристапниот терен.
Содржината продолжува под рекламата
Инаку, вчера попладне, во 17:30 часот, беше добиена првата пријава за шумски пожар кај с. Брушани. каде што горела нискостеблеста шума и сува трева на површина од 4 хектари. Во гаснењето на пожарот интервенирале 6 пожарникари со 2 ПП возила од ТППЕ Кавадарци, 4 лица со 1 теренско возило од ЈП „Национални шуми“ подружница „Бор“ од Кавадарци. Пожарот на таа локација е изгаснат во 19:00 часот.
Можеби ќе ве интересира: