Реклама

Милевски останува селектор на македонската фудбалска репрезентација

Milevski selektor na MKD

Наспроти бројните шпекулации летово за негова смена, не е доведена довербата во селекторот Благоја Милевски како предводник на националниот тим. Милевски до крај ќе го одработи договорот со ФФМ кој трае до крајот на квалификацискиот циклус за ЕВРО 2024.

Zito akcija 640x289px

Сето тоа беше потврдено и на денешниот состанок на УО на ФФМ на кој што била потврдена довербата за Милевски, наспроти претходните најави дека Милевски ќе даде отчет за својата работа и сите случувања по откажувањето на Стефан Ристовски.

Agria

Стефан Ристовски, со кратко соопштение преку социјалните мрежи, се откажа од репрезентацијата и до крајот на квалификациите сигурно нема да настапува за неа.

Од ФФМ денеска и информацијата дека по завршувањето на квалификацискиот циклус за ЕП 2024 секако ќе биде анализирана работата на Милевски низ изминатите две години и дополнително ќе биде одлучувано дали ќе му се понуди нов договор, или со завршувањето на договорот ќе заврши и меѓусебната соработка. Од ФФМ се согласни дека наредниот период ќе биде донесено најдоброто можно решение за репрезентацијата.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/40581/stabilna-e-sostojbata-kaj-42-godishniot-veleshanecz-zabolen-od-kongo-krimskata-hemoragichna-treska/