Убиство или лошо менаџирање на модуларната – кој е во погрешен филм?

Tetovo pozar modularna bolnica
Tetovo pozar modularna bolnica

Нема ништо спорно ни во проектот на Светска банка, ни во изведбата на модуларната болница во Тетово од страна на компанијата „Брако“. Нема никакво убиство со умисла, ниту заговор. Ако се почитувале јасните упатства за менаџирање на овој објект од времен карактер, ако од него не се направел контејнер за интензивна нега на ковид-пациенти полн со воздух „заситен“ со кислород и со кислородни „бомби“, до пожарот немало ни да дојде. Во каков филм и да сме влезени, вистината за причините за трагедијата нема да можеме да ја изгориме.

Zito akcija 640x289px

Ова е ставот на сајтот Плусинфо во врска со пожарот во тетовската болница. Сите интернет портали секојдневно меѓусебно преземаат содржини, за што се утврдени и услови и професионални стандарди, но секој онлајн медиум самиот одлучува што и како ќе пренесе, ќе преземе и ќе објави. Не постои нешто што се нарекува „врховна уредувачка политика“ која единствено го препознава „јавниот интерес“ и ја гледа „поголемата слика“. Независните медиуми не се платформи за „споделување“, туку тие одговорно водат самостојни уредувачки политики. Во крајна линија, во тоа е и смислата на плурализмот во медиумите.

Agria

Второ, оценивме дека истражувачката сторија на ИРЛ е еднострана и недоволно го почитува правилото audiatur et alera pars (да се слушне другата страна). Изборот на извори е селективен и пристрасен. Дел од обемната документација поврзана со изградбата на модуларната болница е презентиран нецелосно и еднострано. Врз основа на исказ на една разрешена обвинителка, во сторијата на ИРЛ трагедијата во Тетово е оквалификувана како убиство и без задршка се посочени неколку лица како актери на тоа злосторство. Од етички аспект, таквата авторска постапка, според нас, е спорна и професионално неодржлива.

Целит текст може да го прочитате тука.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: