Вчера, во 18 часот, во СВР Штип било пријавено дека на магистралниот пат Велес – Штип, кај село Сарамзалино, 51-годишниот Е. П. од Велес, управувајќи мотоцикл „кавасаки“, со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот, извести МВР.
Со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот и сопатникот Р.С.(39) од Скопје, констатирани во Итна медицинска помош Свети Николе.
Извршен бил увид од екипа на СВР Штип.
Можеби ќе ве интересира: