понеделник, 8 јули, 2024
Реклама

Велешани дисциплинирани, но не и кавадарчани и неготинчани

Veles policiski cas

Ниту еден велешанец не ја прекршил забраната за движење во полициски час во изминатото деноноќие, соопшти СВР Велес. За разлика од нив, кавадарчани и неготинчани не биле најдисциплинирари, па четворица во Неготино и двајца во Кавадарци се фатени како шетаат за време на полицискиот час.

Zito akcija 640x289px

Полицијата соопшти дека нема нови регистрирани лица со решенија за изолација и со изјава за самоизолација.

Agria

„Вкупно со Решение во изолација има 116 лица, од кои 110 во Велес, шест во Неготино, а со Изјава за самоизолација има вкупно 57 лица, од кои 40 во Велес, 10 во Кавадарци и седум во Неготино“, велат од СВР Велес.

Полициски службеници извршиле контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што, сите ги почитувале овие мерки.