Концерт на „30 прсти“ утре во Ликовниот салон во Велес

Koncert 30 prsti

Со музички настапи на пијано триото составено од Марија Вршкова, Петар Макариевски и Весна Ангелова, утре во Ликовниот салон во Велес, ќе се одржи концертот „30 прсти“.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Со почеток од 19 часот, присутните ќе имаат можност да ги проследат делата  Ј.Крас – Свита – „Детски души“, Р. Рамазанов – Свита, Б.Илин – „АлисиОС“,  Д.Темков – „ Y to my gti turbo pride“.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Вршкова е битолчанка која дипломирала на ФМУ во Скопје. Добитник е на повеќе награди. Најзначајна и е наградата  од меѓународниот натпревар на млади пијанисти во Рим. Учествувала на бројни семинари по пијано и камерна музика. Работи како вонреден професор на ФМУ во Скопје.

Ангелова Христов, дипломира на ФМУ Скопје. Магистрирала на интепретација на пијано на ФМУ. Добитник е на бројни државни и меѓународни награди. Настапува како солист и камерен музичар низ Македонија. Бугарија, Хрватска, САД… и на бројни музички фестивали во земјата. Таа е професор по пијано и камерна музика во средното музичко училиште во Скопје.

Макариевски, дипломирал на ФМУ Скопје. Посетува магистерски студии во Софија, а од 2011 година добива асистентско место на универзитетот во Атланта, САД и завршува магистерски студии. Во САД имал концерти.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: