Реклама

ИВЗ реши да ги отвори џамиите поради масовната литија во Струга

Џамиите ќе ги отворат вратите за верниците во земјава на 12 мај одлучила вчера на вонреден состанок, Исламската верска заедница ( ИВЗ)

Zito akcija 640x289px

Состанок е одржан веднаш по масовната литија во Струга, каде што голем број на граѓани беа излезени на улиците по повод верскиот христијански празник Св. Ѓорѓија.

Agria

Како што се вели во соопштението на исламската верска заедница, уште од првите денови на коронавирусот, се грижеле да го заштитат здравјето на граѓаните и во целост ги прифатиле препораките на здравствените институции, така што базирано на исламските принципи, одлучиле да ги суспендираат колективните молитви во џамиите.

Во џамиите во земјава не се одржуваа молитви од средината на март, како превенција од ширење на коронавирусот.

Од ИВЗ се надеваат дека оваа нивна одлука ќе наиде на разбирање кај надлежните државни институции.

Извор: 360 stepeni