Новата сезона од Третата македонска фудбалска лига – Центар ќе започне на 17 септември пријавено 11 екипи. Во новата сезона ќе играат Борец, Бучин, Големо Коњари, Локомотива (Градско), Марена, Младост (Кривогаштани), Питу Гули, Превалец, Росоман, Слога (Лажани) и Ултрас (Прилеп).
Содржината продолжува под рекламата
Денес во Велес во хотел Интернационал се одржа состанок на клубовите кои ќе играат во сезоната 2023/2024 и се направи влечење за паровите за прво коло.
Содржината продолжува под рекламата
Во првото коло Борец ќе го пречека составот на Бучин, Големо Коњари ќе биде домаќин на Росоман, Питу Гули ќе се соочи во Крушево со Марена, новиот третолигаш Ултарси во Прилеп ќе ја пречека Локомотива од Градско, додека Превалец ќе одмараат уште една недела бидејќи се слободни.
Можеби ќе ве интересира: