Велешанецот Борис Ристовски својата ракометна кариера ќе ја продолжи во Франција. Во новата натпреварувачка сезона тој ќе настапува за РОК Авејрон.
Содржината продолжува под рекламата
„Мал по големина, но сигурно не по талент, Борис веќе има големо интернационално искуство. Брз и агилен, ќе ја донесе целата своја умешност во служба на тимот“изјави тренерот за новото засилување на официјалната фејсбук страна на клубот.
Содржината продолжува под рекламата
23-годишниот ракометар е дете на Борец, а во Македонија ги носеше дресовите и на Тиквеш, Вардар Неготино, во вториот дел од минатата сезона настапуваше и за прволигашот Металург РА. Ова не е прво интернационално искуство за Ристовски, на пчочетокот на сезоната играше за Кастриоти и со кововскиот суперлигаш се натпреваруваше и во Европскиот Куп.
Можеби ќе ве интересира: