Работната група која ќе ги разгледува барањата на пензионерите утре ќе ја имаат првата работна средба. Според најавите на министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска една од главните теми на состанокот ќе биде законот за минимална пензија, но ќе се разговара и за повеќе други теми важни за подобрувањето на животниот стандард на пензионерите.
Работната група е формирана со одлука на влада, а во неа се вклучени претставници на сите релевантни институции. Темата со пензиите стана актуелна пред околу еден месец откако пензионерите излегоа на протести незадоволни од најавата за покачување за 6%.
Дел од нивните барања беа линеарно покачување од 3500 денари и воведување минимална пензија еднаква со минималната плата. Новата методологија за пресметка на пензиите и нивно усогласување двапати во текот на годината беше донесена лани.
Можеби ќе ве интересира: