На 05.09.2023 во 07.00 часот во с.Бузалково, велешко, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода М.С.(50) од с.Бузалково. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени револвер, 51 патрони за ловечка пушка, гасен пиштол и рамка за гасен пиштол. Лицето било приведено во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител.
На 05.09.2023 во 07.10 часот во с.Бузалково, велешко, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Ј.Ј.(23) од с.Бузалково. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, била пронајдена рамка за автоматска пушка. Лицето било приведено во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител.
По целосно документирање на случаите против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Можеби ќе ве интересира: