Евтина струја од 1 декември од 13 до 15 часот

Stedenje na struja
Stedenje na struja

Од 1 декември треба да се врати евтината тарифа на струјата која според најавите би била во периодот од 13 до 15 часот, но таа ќе биде достапна само за околу 200 илјади корисници кои имаат „паметни“ дигитални броила. За останатите домаќинства, Електродистрибуција очекува евтина струја да има до крајот на декември, но за тоа ќе биде неопходно да им се дозволи на читачите на броила да ја прочитаат фактичката состојба и рачно да ги подесат.

Zito akcija 640x289px

Броилата се читаат еднаш месечно и оние кои ќе бидат достапни веднаш ќе бидат прилагодени за евтината струја и преку ден, велат од ЕВН.

Agria

Во Арачиново, кое изминативе години беше еден од најголемите неплаќачи на струја, директорот на Електродистрибуција, Сашо Салтировски вели дека броилата се веќе извадени на улица, загубите се сведени на 10 проценти во јуни и јули, што се смета за техничка загуба и кај нив сетирањето за евтината денска тарифа ќе биде веднаш направено.

Скопскиот регион, пак, бележи најголеми загуби на струја од 20 отсто. Евтината струја преку ден беше укината од 1 јануари 2022 година, кога беа воведени блок-тарифитие.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/41012/postignat-dogovor-za-ucheniczite-vo-veleshkata-gimnazija-ke-ima-2-paralelki-na-albanski-jazik/

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: