СВР Велес има нов началник. Од вчера на оваа фунција од министерот за внатрешни Оливер Спасовски е назначен досегашниот портпарол Ристе Самарџиев.
Самарџиев ќе раковови со СВР Велес, но и со полициската станица во Чашка, како и ОВР Кавадарци и Неготино.
Самарџиев е дипломиран полициски офицер од втората генерација запишани студенти на некогашната Полициска Академија во Скопје, а сегашен Факултет за безбедност. Откако од неговото родно Градско завршил во француската гимназија во Неготино, како ученик на генерацијата, во 2005 -тата се запишал на Полициската академија во Скопје. Тука поминал две студиски години и добил стипендија од Француската Влада и нивното Министерство за внатрешни работи, за да ги продолжи студиите на нивното Високо државно училиште за полициски офицери во Париз.
Досегашниот Александар Костов кој е дипломиран правник оваа фунција ја вршеше речиси една година.
Можеби ќе ве интересира: