ЦУК: Загинал мигрант од струен удар на покрив од воз во Градско

Pruga
Pruga

Регионалниот Центар за управување со кризи Велес известува дека преку единствениот број за итни повици Е-112 во ЦУК е добиена информација дека мигрант, кој се качил на покривот на вагоните на воз, што сообраќал на релација Гевгелија – Скопје, во населеното место Градско дошол во допир со кабел на електрична енергија при што лицето добило струен удар.

Случајот е пријавен во МВР и Итна медицинска помош.

Agria

„Според информациите добиени од МВР лицето не давало знаци на живот, а потоа и од Итната медицинска помош било констатирано истото. Настраданото лице е од машки пол на возраст од околу 30 години“, се вели во соопштението од ЦУК.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира:

Picerija LEA
Последни вести
Евакуирани првите македонски државјани од Израел
Сончево и топло, попладне со нестабилна облачност и повремен дожд
Денес завршува првото пријавување од јунскиот рок за упис во средните училишта, досега поднесени над 13 илјади пријави