Изминатиот продолжен викенд за првпат во населбата Ѓорче Петров се одржа голем меѓународен турнир за дечиња, од најмалите возрасни категории NEW STARS CUP 2023. На овој турнир учествуваше и велешката екипа Борец Јуниор со две екипи во категоријата Генерација 2013 и Генерација 2015.
Содржината продолжува под рекламата
И двете екипи остварија одличен пласман освојувајќи го третото место во своите категории. За издвојување е поединечните успеси на младите фудбалери Петар Велков, кој е избран за најдобар играч на турнирот во категоријата Генерација 2013 и Симеон Стојановски, кој е избран за најдобар голман на турнирот во категоријата Генерација 2015.
Содржината продолжува под рекламата
Мотото на настанот беше „Да им дадеме шанса и да им подадеме рака на сите деца“, а на турнирот земаа учество екипи од Македонија, Албанија, Косово, Србија и Бугарија.
Можеби ќе ве интересира: