Приведен криумчар на мигранти кој бегајќи од полицијата ја скршил рампата на патарина Отовица и повредил полицајци

patarina sopot
patarina sopot

Полициски службеници на СВР Велес уапсија жител на село Студеничани, скопско, криумчар на мигранти кој при бегство удрил во полициско возило и повредил двајца полициски службеници.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

„На 12.09.2023 околу 15.10 часот на автопатот Велес– Скопје, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при Регионалниот центар за гранични работи Југ и полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.Е.(24) од с.Студеничани, скопско, поради сторено кривично дело криумчарење мигранти. Тој, со возилото „мазда“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници, по што со возилото удрил во службено полициско возило, при што со повреди се здобиле двајца полициски службеници и С.Е..“ информираа од МВР.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Претходно, С.Е. во близина на наплатна станица Демир Капија, застанал и од возилото излегле осум лица мигранти од Сирија, а удрил и во рампа од наплатната станица Отовица.

С.Е. е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, а мигрантите се пренесени во прифатно –транзитен центар Винојуг.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: