На 13.09.2023 во 11.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Д.Н.(21) и Х.М.(26), двајцата од Велес. Тие биле затекнати при купопродажба на дрога и се обиделе да побегнат, но набргу биле фатени и лишени од слобода. Кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и кокаин.
Содржината продолжува под рекламата
Во 14.40 часот од слобода бил лишен и Л.М.(48) од Велес, кој бил со Д.Н. и Х.М., а претходно успеал да побегне. За настанот бил известен јавен обвинител, а лицата биле приведени во полициска станица.
Содржината продолжува под рекламата
По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Можеби ќе ве интересира: