Бектеши: Од среда 50 прехранбени производи ќе бидат најмалку 10 отсто поевтини

Market vnatre
Market vnatre

Цените на над 50 основни прехранбени производи, од кои 90 отсто се даночат со ДДВ од 5 отсто, ќе се намалат за минимум 10 отсто од наредната среда, потврди денеска министерот за економија Крешник Бектеши, по денешната срдба со претставници на осум најголеми ланци супермаркети во земјата. Намалените цени ќе ги контролира Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) со зголемен капацитет.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Според министерот за економија, ова е прва фаза, бидејќи инфлацијата најмногу ја билдаат производите од прехранбената индустрија, а ако има потреба ќе следуваат одлуки за намалување и на цените во другите сектори.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Одлуката за намалување на цените на прехранбените производи доаѓа по неколкукратните изјави на владините претставници дека супермаркетите, однесувајќи се нефер и неетички, ги креваат цените на прехранбените производи.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: