Уште еден голем успех остварија кајакарите на Кајак Кану клубот Арка-Борец од Велес, Кристијан Лазаров и Благој Гугинов.
Содржината продолжува под рекламата
На државното првенство во кајак на мирни води кое се одржа во Охрид тие станаа државни прваци во категоријата К-2 јуниори 500 метри.
Содржината продолжува под рекламата
Претходно Кристијан Лазаров во конкуренција од 130 кајакари, го освои Европскиот куп во кајак спуст на дива вода за 2023 со освоени 271 бод, додека Благој Гугинов беше веднаш зад него со освоени 255 бода.
Можеби ќе ве интересира: