Реклама

ПОТЕГ ЗА ПОЗДРАВУВАЊЕ: Поради коронавирус се затвора голема фабрика во Велес

Вработен во фирма, ангажирана како подизведувач во фабриката Маркарт е еден од денешните шестемина позитивни на коронавирус во Велес. Поради ова, фабриката Маркарт времено ги затвора вратите и престанува со работа. Оваа вест ја потврди и раководството на најголемата фабрика во Велес. Иако уште од почетокот на кризата Маркарт ги презел сите неопходни мерки и активности, сепак на овој чекор се решиле поради тоа што се транспарентна и одговорна компанија.

Zito akcija 640x289px

„Маркарт Македонија како транспарентна и одговорна компанија, која максимално ги почитува мерките за здравје и безбедност при работа од самото основање на компанијата, а особено во услови на пандемија, каде на прво место е здравјето на вработените би сакала да ја информира јавноста, особено жителите на Општина Велес, дека лице вработено во надворешна компанија, деловен партнер на Маркарт, е позитивно на Корона вирус. Ова лице не е во директен контакт со вработените на Маркарт Македонија и затоа нема простор за паника. Менаџментот на Маркарт Македонија и покрај сите спроведени мерки, а со цел целосна превенција и сведување на минимум на можноста за ширење на вирусот, донесе одлука за затварање на фабриката во текот на наредната недела. Довербата е основа за секоја соработка. Добивањето нечија доверба често е долг процес, а губењето на истата може да се случи одеднаш. Веруваме дека нашите деловни партнери, вработени, сограѓани се однесуваат одговорно и целосно се во согласност со законот, мерките и препораките. Ние работиме заедно и ги користиме сите наши заеднички сили за да ги одржиме нашите вработени безбедни и здрави“, велат од Маркарт, во соопштението, кое го испратија до медиумите.

Agria
Markart pogon

Инфицираниот е вработен во фирма, ангажирана како подизведувач во Маркарт. Тој вирусот го добил од близок член на семејството, кој е заразен преку велешката текстилна фабрика, од каде доаѓаат најголемиот број инфицирани неделава. Од Маркарт велат дека уште пред два месеци, кога почна кризата со коронавирусот, тие формирале Комитет за координација и управување со мерки и активности за превенција и ширење од болеста Ковид 19, кој веднаш презеде мерки.

„Формиран е комитет за координација и управување со мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). Редовно ги информираме со цел подигнување на свеста на сите вработени за превентивните мерки поврзани со корона вирусот. Отворивме корона телефонска линија 24/7, наменета за вработените во компанијата. Во фабриката е задолжително носење на заштити маски во текот на работното време, како и при доаѓање и заминување од работа, задолжителна е дезинфекција на раце на повеќе пунктови, влезови, производство, кантина. Задолжително е пополнување на епидемиолошки анкети и нивно следење на дневно ниво. Направивме реорганизација на работното време со пократки смени, без затекнување на вработените меѓу две смени. Редовните состаноци преку ги организираме преку Skype платформата, Се врши редовна дезинфекција на сите простории во фабриката, тоалети, соблекувални, производствен погон, магацин, канцеларии, кантина, возила за превоз, а превозот на вработените е со 50% капацитет на возилата“, велат од Маркарт.

Потегот на компанијата Маркарт за затворање на капацитетите на одреден временски период, но и преземените мерки се за поздравување. За разлика од нив, во изминатиот период јавноста беше сведок на неодговорно однесување на некои велешки компании.