Владата носи одлука за поевтинување на над 50 прехранбени производи

Market vnatre
Market vnatre

На денешната владина седница која е закажана точно на пладне треба да се донесе одлука за намалување на цените на 50 прехранбени производи. Според најавите цените ќе се намалат за 10 отсто од оние цени кои во макетите беа на први август.

Zito akcija 640x289px

Оваа мерка според информациите на сила ќе биде до 30ти ноември. Во последниов период властите остварија неколку средби со трговците на кои се договори производите кои ќе добијат намалена цена за 10 отсто да имаат и ознака на рафтовите гарантиранма цена, со што граѓаните ќе можат полесно да ги препознаат.

Agria

Вчера министерот за економија Крешник Бектеши ги повика производителите и трговците самите да се пријават доколку не се на листата правни лица со што че дадат придонес во целокупната мерка која иома за цел намалување на инфлаторните шокови. На листата на која се производите кои треба да имаат нова поевтина цена се артиклите од речиси сите прехранбени производи, како од пекарската, млечната, месната индустрија, и кондиторската индустрија.

Поевтните производи за 10 проценти, ќе може да бидат ставени и на „акциски“ продажби во маркетите, но по цени пониски од веќе намалените. Во случај „акцијата“ да е поради рокот на траење на производите, тоа ќе мора да биде јасно наведено, дека намалувањето на цената е поради истекот на рокот на производот.

Во меѓувреме, Министерството за економија изготви ново законско решение за нефер трговски практики, кое содржи одредени механизми за казнување и злоупотреба во делот на формирање цени, и ќе биде испратен во собранието со европско знаменце. Исто така Државниот пазарен инспекторат ќе има и зголемени надлежности, во однос на контролите во маркетите.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: