Конфликт помеѓу Христијан Мицкоски и Никола Груевски

Mickoski-2
Mickoski-2

Никола Груевски и Христијан Мицкоски влегоа во отворена „војна“. Недоразбирањата меѓу поранешниот и актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, за кои од поддамна се зборува во политичките кругови, кулминираа деновиве и добија јавна форма – меѓусебно пресметување преку социјалните медиуми за тоа дали измените на кривичниот законик не се донесоа за, меѓу другото, Груевски да се одоброволи и преку своето влијание во партијата да издејствува поддршка за уставните измени.

Zito akcija 640x289px

Денеска, редот му беше на Мицкоски да му одговори на екс-шефот и на човекот кој го избра за свој наследник.

Agria

„Никола, немам намера со јавни преписки да бидам дел од сценариото за создавање раздор во корист на оваа власт. Еден ден кога ќе се видиме очи во очи ќе ти кажам и детали ако си подготвен да ги чуеш. Нема да дозволам да се заборави што прави оваа криминална власт за да остане се подолго креирајќи атмосфера каде се губи надежта на граѓаните за правда и за правдина. Ако ти сакаш раздор тоа е твоја одлука на која јас сум подготвен да за спротивставам, бидејќи не станува збор за лична битка, туку битка за Македонија која се повеќе тоне во криминал, каде се оди против волјата на граѓаните. А нас политичарите народот не бира и ние одговораме пред народот за нашите постапки. За Македонија не смее да има пазар и договори под маса… Како велеше, `вистината е како шило, порано или подоцна ќе излезе`, а вистината ја знаеме и јас и ти…“, напиша на Фејсбук, лидерот на опозицијата.

Веднаш по постот на Мицкоски, формално се огласи и ВМРО-ДПМНЕ. Поранешниот, едно време неприкосновен партиски лидер, доживеа да го критикуваат неговите некогашни најблиски соработници.

„Власта на чело со Ковачевски и Ахмети преговара амнестија за Груевски со цел тој да влијае на поделби во ВМРО-ДПМНЕ и евентуално да им помогне да се изгласаат уставните измени. Измените во кривичниот законик, не се случајни, имаат двојна цел, првата е да се амнестираат функционери од актуелната власт, кои во изминативе години за жал ја ограбуваа државата, и второ да се влијае на процесите кои се однесуваат на Груевски.“, изјави Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Реакцијата и на Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ следат по вчерашното обраќање на Груевски во кое тој побара од партискиот врв и од самиот Мицкоски да ги објаснат тврдењата дека „тој се договарал“ со власта.

„Дали може лично тој јавно да каже со кој мој потег, изјава, натпис или било што јас сум се обидел да ја поделам партијата и да даде доказ дека јас сум прифатил валкана игра со власта која треба да ја спроведам со помош на мои приврзаници во партијата. Се надевам дека одговорот ќе е јасен, недвосмислен, директен и личен исто како и изјавата, без префрлање на изјави на преставници на партијата, портпароли…“ напиша Груевски.

Од другата политичка страна, владејачката коалиција сака да се дистанцира и од внатрепартиската состојба во ВМРО-ДПМНЕ, но и од целата ситуација „законски измени за поддршка за уставни измени.

„Демократската унија за интеграција будно ја следи големата загриженост во редовите на ВМРО- ДПМНЕ и длабоките поделби што се појавуваат во битката меѓу интеграција и изолација. Оваа внатрешна битка меѓу силите во ВМРО кои се залагаат за интеграција на земјата во Европската Унија и оние кои претпочитаат изолација се одвива на грб на државата и нејзините граѓани“, соопштуваат од ДУИ.

Истото го велат и социјалдемократите.

СДСМ нема намера да се меша во меѓусебната пресметка во ДПМНЕ и анти-ЕУ кампот. Мицкоски да не остави надвор од внатрешните поделби и сам да си ги решава кавгите во ДПМНЕ.Особено што токму Христијан Мицкоски треба да одговори за диловите со Груевски. Дали на овој начин Мицкоски ги прикрива барањата за амнестија на негови сопартијци, заради незадоволство токму од него?“, оцени Дарко Каевски од СДСМ.

Одговорот од опозицијата е – „не ја потценувајте ВМРО-ДПМНЕ и народот, остануваме обединети.“

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: