Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски објави на социјалните мрежи ја тужел СДСМ, при што добил пресуда во негова корист. Според објавеното, станува збор за клевета околу пречистителната станица на Град Скопје.
„Задоволството е поголемо и кога вака заробениот и корумпиран суд на власта не ќе може да го одбегне фактот дека СДСМ ме клевети. Токму вчера, на 20 септември уште една добиена пресуда против СДСМ дека клевети и шири лажни вести против мене. Овој пат за тендерската постапка за пречистителната станица на Град Скопје, истиот тендер кој подоцна го потпиша градот, со грант обезбеден од оваа влада.
Лагите и медот останаа кај СДСМ и нивните апологети. Но и тоа нема да биде долго, зошто остана уште малку до смена на власта, кога ќе го почувствуваат вистинското владеење на правото и правдата, напиша Мицкоски на социјалните мрежи.
Според објавената пресуда, СДСМ треба да му исплати на Мицкоски 40 илјади денари, како и покривање на судските трошоци.
За предметот одлучувал Граѓанскиот суд.
Можеби ќе ве интересира: