Утре со почеток од 20 часот во Ликовниот салон во велес, младиот 21 годишен италијански пијанист Алесио Фалчани ќе отсвири пијано рецитал.
Содржината продолжува под рекламата
На програмата ќе бидат дела од Шуман, Лист, Рахмањинов, Шуберт и Шопен. Ова е дел од проекетот на Музичкото училиште „Стефан Гајдов“ и Еразмус Плус, „Музика во инклузија“ добиен од Националната агенција за европски програми и мобилност на Македонија, во партнерство со училишта од Италија и Франција.
Содржината продолжува под рекламата
Алесио Фалчиани е роден во 2002 година, и покрај неговата многу млада возраст, веќе е етаблиран пијанист кој моментално студира на конзерваториумот Росини во Пезаро.
Можеби ќе ве интересира: