Реклама

Борец гостува во Лажани, Превалец во Крушево

Prevalec Pitu Guli 2022

Во Третата фудбалска лига – Југ, денес ќе се одигра второто коло. Сите пет натпревари ќе се одиграат со почеток од 15 часот.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Лидерот на табелата, екипата на Борец, по убедливата победа над Бучин минатата недела, денес на гостински терен во село Лажани ќе ги одмери силите со екипата на Слога. Во претходното коло Слога одигра нерешено 2:2 со екипата на Младост од Кривогаштани.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

И Превалец ги започнува натпреварите, откако во првото коло беше слободен. Тие гостуваат во Крушево кај екипата на Питу Гули, која во минатото коло на домашен терен ја совлада екипата на Марена со резултат 2:1.

На останатите натпревари се среќаваат, Марена – Локомотива, Бучин – Ултрас, Росоман – Младост, додека Големо Коњари е слободен ова коло.

Можеби ќе ве интересира: