Кожувчанка – партнер за развој на стручен кадар во Македонија

g-ga-janinka-chuparkoska

Компанијата Кожувчанка од Кавадарци се приклучува во реализација на швајцарскиот проект воден од М6 Едукативниот центар, за образование за вработување во нашата држава.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Месецов во Кавадарци повеќе компании од приватниот сектор, помеѓу кои и Кожувчанка ДОО, го најавија своето партнерство со кое ќе помогнат во развој на стручниот кадар кај нас.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

На панел дискусијата Патека кон прогресот: Вклучување на приватниот сектор во професионалното образование” говореа амбасадорката на Швајцарија, Вероник Улман, Светозар Јаневски, претседател на Управниот одбор на ВВ Тиквеш, Митко Јанчев, градоначалник на Општина Кавадарци и Горан Митрески, генерален директор на Кабтел.

„Препознаваме, помагаме и секогаш се стремиме да бидеме дел од значајни проекти за нашите граѓани и нашата држава. Сите кои имаме можност треба да се заложуваме за доброто на општеството во кое живееме. Кожувчанка и останатите компании, со ова партнерство покажуваат дека се за развој на иновации, како и за економски и социјален просперитет на земјата”, – изјави генералната директорка на Кожувчанка Јанинка Чупаркоска.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: