(ВИДЕО) Фестивалот на велешка пита и вино „Питијада 2023“ од 6 до 8 октомври

Општина Велес и оваа година традиционално ќе ја организира манифестацијата Фестивал на велешка пита и вино „Питијада 2023“ за презентација на питата пастрмајлија и виното каде производителите на пекарски и алкохолни пијалоци односно угостителите и винариите ќе го промовираат сопственото производство.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Манифестацијата како и порано ќе се одржи на главната улица „Благој Ѓорев“ во близина на кафитериите и кај култното место „Панини“, а наспроти ќе биде поставена и бината за настап на учесниците.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Во забавниот дел од манифестацијата секој ден ќе настапат познати македонски фолк и поп рок пејачи и групи: во петок отворање со дечињата од ОЈУДГ “Димче Мирчев” и сечење на џиновската пита,5+ Бенд, Ефто Пупиновски, Пајак и Лара, авечерта ќе ја заокружат Некст Тајм , во сабота денска забава со DJ Popeye, Светот на Биби, Елена Андоновска, 2 Бона и Меморија. Во недела денска забава со детскиот фестивал Поточиња и D Chicks, Тин Камп, Игор Димовски – Пауза за ракија и за крај Бени & Нон Стоп и ДНК.

https://www.facebook.com/batali.net/videos/643051127949226

.Можеби ќе ве интересира: