Повратникот во редовите на Борец, Тале Трајков на првиот натпревар одигран по скоро две години на стадионот „Зоран Паунов“ постигна два ефектни гола со кои ја обезбеди победата против Росоман.
Содржината продолжува под рекламата
Во натпревар во кој потполно доминараше домашниот состав, гостите од Росоман, можеа да си заминат со повеќе голови во својата мрежа. Сепак неискуството на младите фудбалери на Борец придонесе да примат само четири.
Содржината продолжува под рекламата
Тале Трајков со ефектен гол од 30 метри го отвори резултатот во 21 минута. Истиот играч во 69 минута зголеми на 2:0. Милан Чичевски во 77 минута зголеми на 3:0, a конечниот резултат 4:0 го постави Стефан Коџабанов на четири минути пред крaјот на натпреварот. Во следното коло Борец е слободен.
Можеби ќе ве интересира: