Live Streaming Production се понуди да ја стрима Питијадата бесплатно

kombe live streaming production
kombe live streaming production

Велешката видео продукција Live Streaming Production, како општествено одговорна компанија ѝ ги понуди своите услуги на Општина Велес во вид на спонзорство, за да реализира интернет стриминг на претстојниот Фестивал на велешката пита и вино „Питијада 2023“, кој ќе се одржи од 6 до 8 октомври. Идејата е да им се понуди на иселениците со потекло од Велес, кои во моментот на одржувањето на Питијадата нема да бидат во својот роден град, да можат да ги проследат случувањата на трите фестивалски дена. Од продукцијата велат дека се решиле на ваков чекор, за да дадат придонес во организацијата на оваа традиционална манифестација, но и да се види и слушне за Велес и неговата традиција, посебно за питата пастрмајлија, што повеќе низ светот.

Zito akcija 640x289px

„Без размислување ги понудивме нашите ресурси за оваа манифестација. Ние сме продукција со седиште во Велес и секогаш кога можеме, ќе помогнеме на нашиот град. Сепак, иако нашата понуда до општината беше испратена на 21 септември, оттаму до денеска сѐ уште не сме добиле одговор дали го прифаќаат спонзорството“, велат од Live Streaming Production.

Agria

Оваа продукција во своето портфолио има многу проекти како што се директни преноси од Европското првенство во кајак на диви води – спуст 2023, одржано на патеката на Матка, Балканското првенство во кајак на диви води – спуст 2023, одржано на патеката на реката Вардар во Велес, Велешките спортски игри 2022, безброј концерти, фестивали и спортски натпревари.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: