Реклама

Масовна продажба на хотели во Грција

Стотина хотели во моментов се продаваат на северот на Грција, а поголем објект со базен и поглед на море може да се купи за речиси половина милион евра. На грчките сајтови за недвижности во моментов има исклучително голема понуда на хотели на северот на Грција, со најголем број објекти лоцирани на Халкидики. Цените се евтини и започнуваат од 160 илјади евра.

Zito akcija 640x289px

Хотелите во Полихроно, Неа Муданија, Аспровалта, Врасна, Калитеа, но и другите туристички места на северот на Грција можат да се купат за малку пари, а најевтиниот објект чини само 160 илјади евра и се наоѓа во Врасна. Објектот има четири апартмани и се наоѓа на 200 метри од морето.

Agria

За половина милион евра, можат да се купат хотели со околу 20 соби и базен. Хотел се продава во Неа Мармарас за само 1,5 милиони евра во кој хотелот има два објекти, рецепција, 44 соби, базен, поглед на море и се наоѓа во одлична состојба.

Оваа ситуација се должи на кризата со коронавирусот, која што го погоди целиот свет, а поради која што сопствениците се принудени да ги продаваат своите објекти, пренесуваат грчките медиуми.