Реклама

Тешко повреден 21-годишен моторџија од Велес

motor nesreka 10.05.2020

21-годишниот Ѓ.П. од Велес е тешко повреден во сообраќајна несреќа вчера, на автопатот Велес – Градско. Несреќата се случила половина час по пладне, кога моторциклот марка „Јамаха Р6“ кој го возел младиот велешанец, се судрил со возило марка „Мерцедес“ со велешки регистарски таблици, кој го управувал К.Е. (56) од селото Сливник.

Zito akcija 640x289px

По незгодата, мотоциклистот бил пренесен во Општата болница Велес за укажување на лекарска помош. Таму му се констатирани тешки телесни повреди, по што е префрлен на лекување на скопските клиники.

Agria

Еден час порано, 30-годишниот В.Д. од Прилеп е повреден во слична сообраќајна несреќа, која се случи на магистралниот пат Градско – Прилеп, во близина на с. Дебриште. Неговиот мотор марка „Кавасаки“ со кој управувал, се судрил со трактор „Фергусон“ со кавадаречки регистарски ознаки,  управуван од Ј.Б. (50) од с.Дебриште, кавадаречко. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, кој бил пренесен во болницата во Кавадарци.