Партиите и градоначалникот еднострано го коментираат случајот во јавноста, реагира велешката градинка

gradinka kiril i metodij
gradinka kiril i metodij

До нашата редакција пристигна соопштение од ОЈУДГ„Димче Мирчев“-Велес, по повод настанот со негувателката во детската градинка „Димче Мирчев“ Велес која им давала да пушат електронска цигара на децата од нејзината група.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Почитувани сограѓани и пред се родители на деца кои се згрижени во ОЈУДГ „Димче Мирчев“-Велес. По реакциите на политичка партија на социјалната мрежа Фејсбук и на советничка група преку снимена изјава,од нивна страна, која беше испратена и пренесена на медиумите, приморана сум во сопствено име и со цел да ја заштитам институцијата да ја соопштам вистината за случката од 29ти септември во Објект 1 – „Маргаритки“ при ОЈУДГ„Димче Мирчев“-Велес.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Велам приморана, затоа што сметам дека непотребно се инволвира политиката во
институција чии врати се ширум отворени за сите деца на територијата на Општина Велес
и чија главна цел е грижа за развој и едукација на деца, без разлика на пол, вера или
политичка припадност на нивните родители.

Сакам јавно да соопштам дека случката од 29 ти септември не се повторила, значи не се
случила ни еднаш претходно ниту по овој датум! Тоа што за неа се прозива воспитувачка
се дезинформации затоа што станува збор за негувателка! Исто така, тоа што сум прозвана
за прикривање на случката не е точно! Јас како директорка на ОУЈДГ „Димче Мирчев“-
Велес заедно со вработените и стручната служба, не ја оправдуваме и не се обидовме да ја
сокриеме од јавноста.

Напротив, ги информираме сите, и родителите и граѓаните и политичките партиии
Градоначалникот, и советниците во Советот на Општина Велес дека примени се и со
стручните служби на ОУЈДГ „Димче Мирчев“-Велес сослушани се родителите на децата и
обезбедени се писмени изјави на дел од нив. Потоа за “овозможено потегнување на дим
од електронска цигара од страна на неколку деца“, од една група, превземени се сите
неопходни мерки согласно законите и прописите.

Известени се сите надлежни институции, направени се потребни консултации, согласно
законите во државата и суспендирана од работа е негувателката, додека случајот е
актуелизиран пред Министерството за труд и социјална политика и пред Дисциплинска
комисија на ОУЈДГ „Димче Мирчев“.

Тоа го сработивме одговорно и транспарентно при тоа одржувајќи постојана комуникација со родителите на децата кои го пријавија случајот како до мене така и до службите на Управата на ОУЈДГ„Димче Мирчев“-Велес.

Затоа сум изненадена од пријавите на неколкумина родители во Секторот за внатрешни
работи Велес! Нив не ги коментирам но ќе соопштам дека во превземените мерки, од
наша страна, исто така консултирана е и оваа институција поточно државен орган. Жалам што во ниту еден момент на транспарентната и отворена постапка не беше побарана официјална информација од Градоначалникот,од Советот на Општина Велес или од политичките партии кои веќе соопштија свои ставови без да побараат информација од нашата институција.

Во делот на изјавата дека на Градоначалникот и Советот на Општина Велес им се одземени
ингеренции над градинката сакам да појаснам дека тоа се однесува само на делот во
одлучување за избор на членови на Управен одбор на установата. Тоа не ги ослободува од обврската за грижа над институцијата и корисниците на услуга. Напротив, градинката сеуште е општинска јавна установа.

За сите нив, како и за Министерството за труд и социјална политика, кое што будно го
следи секој чекор во постапката која што ја водиме, отворени се вратите на ОУЈДГ„Димче
Мирчев“-Велес, а јас како директор на установата, стручните служби и вработените
подготвени сме да дадеме потребни информации, да ја соопштиме вистината и споделиме
стручно мислење за случката.

Тоа што сакам на крајот да соопштам е дека институцијата која ја раководам е расадник на
стручни, одговорни, посветени, докажани и наградувани работници. ” Ќе додадам дека тимот на ОЈУДГ„Димче Мирчев“-Велес, низ години и децении, оценуван е со највисоки оценки на државно ниво, посочуван е за пример на иновативност и ангажираност во растот, едукацијата и развојот на децата во Велес и така ќе продолжиме и понатаму.

Воспитно-згрижувачките тимови на установата не заслужуваат да бидат деградирани
поради „неодговорност на еден работник“, што сеуште се утврдува во постапката“, стои во соопштението на ОЈУДГ„Димче Мирчев“-Велес.

Денес и Основното јавно обвинителство Велес оформи предмет по допрен глас за да се проверат информациите дека негувателка во детската градинка „Димче Мирчев“ Велес им давала да пушат електронска цигара на децата од нејзината група.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: