Реклама

Израел прогласи воена состојба, убиен висок член на Хамас

izrael

Безбедносниот кабинет на Израел прогласи воена состојба по нападот на палестинската екстремистичка организација Хамас, кој дозволува „далекусежни воени чекори“, соопшти кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Zito akcija 640x289px

Канцеларијата на Нетанјаху соопшти дека конфликтот, кој однесе стотици животи на двете страни во саботата и неделата, му бил „наметнат на Израел со убиствен терористички напад од Газа“.

Agria

Висок член на Хамас беше убиен во израелските напади врз Газа, започнати како одговор на саботниот напад на палестинските милитанти врз еврејската држава.

Телото на лидерот на Хамас, Ајман Јунис, беше извлечено од урнатините во неделата, на 8 октомври, откако ракета ја погоди неговата куќа во бегалскиот камп Нусејрат во центарот на Газа, потврди Агенцијата за цивилна заштита, пренесе новинската агенција ДПА.

Израелски воени авиони извршија напади врз цели на Хамас, кој владее со Појасот Газа, по големиот напад на палестинските милитанти во Израел, според податоците објавени од израелската телевизија.

Европската унија, САД и Израел го класифицираат Хамас како терористичка организација.

Досега, 313 лица се убиени во Газа во израелските напади од почетокот на борбите во саботата, соопшти во неделата Министерството за здравство на Газа, управувано од Хамас.

Според информациите, околу 2.000 Палестинци биле повредени.

Можеби ќе ве интересира: