Телма: Девет туристи од Велес, евакуирани од Тел Авив со специјален лет на албанската Влада

avion

Според информациите на македонското МНР од пријавените граѓани, деветте туристи кои доаѓаат од Велес, биле прифатени во специјалниот лет на владата на Албанија за евакуација од Тел Авив и наскоро се очекува да слетаат во Тирана, од каде претставници од нашата амбасада ќе ги префрлат со организиран транспорт кон дома.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Претходно, седум македонски државјани, туристи кои беа затечени во Витлеем, успешно ја минаа границата со Јордан, каде беа прифатени од нашата почесна конзулка. Сега се на безбедно и во наредните денови се очекува нивно упатување кон дома. Утрово, четиричлено семејство затекнато во Тел Авив, преку комерцијален лет се упати кон Истанбул, од каде исто така ќе го продолжи патувањето кон дома.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

„Амбасадата во Тел Авив останува во контакт со сите останати наши државјани кои се имаат пријавено и побарале асистенција при нивното напуштање на Израел. Меѓу нив се и 11 градежни работници кои се затечени во Рамала на Западниот Брег“, соопшти МНР.

извор: Телма

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: