Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија при СВР Велес, вчера ги лишиле од слобода В.М.(22) од с.Раштани, велешко и Н.Т.(23) од Велес.
Содржината продолжува под рекламата
Откако биле запрени од полициски службеници, Н.Т. почнал да бега и притоа фрлил пакување со марихуана. Набргу, тој бил фатен, а по пребарување на теренот била пронајдена марихуаната.
Содржината продолжува под рекламата
Лицата биле приведени во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Можеби ќе ве интересира: